|
|
|
 |
Најчесто Поставувани Прашања
Од: Зоран Деспотовски 25.10.2011 Категорија: Општо
Прашање: Во декември 2008год. до ОС Делчево,поднесов барање за Физичка делба и за прекин на Имотната заедница со другите наследници. Предметот е П.бр.1-20/11.Ве молам да ми одговорите во која фаза е мојов предмет и кога ке се закаже финално рочиште! П.С. Напоменувам,дека постои писмена согласност и од другите сосопственици на наследните делови за прекин на имотната заедница.Ви благодарам и се надевам на брз одговор! Зоран Деспотовски
Одговор: Во врска со Вашето прашање во која фаза се наога предметот П-1 бр.20/11, на ден 29.06.2011 година од страна на тужителите е повлечен за кое повлечување согласност дал Вашиот полномошник адвокат Драган Георгиевски. На ден 14.07.2011 година судот донел решение за повлекување на тужбата кое е доставено до адв.Драган Георгиевски кој треба да Ве извести.
ОС Делчево
|
Од: bistra milosevska 28.03.2011 Категорија: Општо
Прашање: ve molam kakva e postapkata za razvod registrirana sum vo delcevo a ziveam veke 20godini vo stip sama so dve deca a toj zivee vo delcevo dali treba da se obratam vo delcevo ili moze vo stip fala
Одговор: Тужба за развод во Вашиот случај може да поднесете до ОС Штип. доколку последно заедничко живеалиште со барачниот другар ви било во Делчево, тужбата треба да се поднесе до ОС Делчево.
ОС Делчево
|
Од: Звонко 01.06.2010 Категорија: Општо
Прашање: Каков е тој прекршок 194 став 6 од ЗБСП
Одговор: Прекршокот 194 став 3 од ЗБСП гласи:
-учесниците во сообракајот се должни да се придржуваат кон ограничувањата , забраните и обврските изразени со поставени сообракајни знаци.
Став 6 од чл.194 се однесува на глобата која изнесува 25 евра во денарска противвредност, која во мандатна постапка ке му се изрече на сторителот на прекршокот од ставот 3 и ке му се регистрираат 15 негативни бода согласно одредбите од ЗБСП.
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Дали имам право на надомест на моите трошоци како сведок?
Одговор: Сведокот има право на надоместок на патните трошоци, на трошоците за исхрана, ноќевање, како и надоместок за загубена заработувачка. Надоместокот сведокот треба да го побара веднаш по сослушувањето, инаку го губи таквото право.
За надоместокот за денгубата, сведокот треба да положи доказ за изгубена заработувачка.
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Каде може да сведочам?
Одговор: Постои општа граѓанска и законска должност за граѓаните да сведочат. Лице што ќе се повика како сведок должно е да се јави на поканата и да сведочи. Сослушување на сведоци е еден од доказите кои се изведуваат во сите судски постапки. Меѓутоа судот не е единственото место каде може сведокот да даде изјава. Сведоците, кои поради старост, болест или тешки телесни мани не можат да одговорат на поканата од судот, ќе се сослушаат во својот стан, односно во местото каде се наоѓаат (болница).
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Дали сум заштитен како сведок?
Одговор: Сведокот ужива подеднакава безбедност во судската зграда, како и сите странки и вработените во судот. Заштитен сведок, значи да се биде лице кое поседува информации значајни за кривичната посатпка, чиј живот, здравје, слобода и имот се изложени на опасност и кое е вклучено во програмата за заштита на сведоци. Во текот на постапката, кога постои опасност од заплашување, закана со одмазда или опасност по животот или физичкиот интегритетна сведокот, јавниот обвинител, односно истражниот судија или претседателот на советот преземаат мерки и активности за ефикасна заштита на сведокот. Програмата за заштита на сведоци подразбира:
- Чување во тајност на идентитеот на сведокот,
- Обезбедување на лична заштита,
- Промена на живеалиштето, односно престојувалиштето,
- Промена на идентитетот
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Дали постои рок во кој судијата мора да ја донесе и изработи пресудата?
Одговор: -Граганска постапка
Пресудата се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа на записник и ја објавува судијата поединец или претседателот на советот. Во посложените предмети судот може да одлучи да ја објави пресудата за 15 дена од денот на заклучувањето на главната расправа. Во тој случај судот ке заказе ново рочиште на кое ке ја објави пресудата без разлика на тоа дали странките дошле на тоа рочиште.
Писмена изработка на пресудата е во рок од 8 дена а во посложените предмети до 15 дена .
-спорови за смеќавање на владение
Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата;
-работни спорови
Постапката пред првостепениот суд мора да заврши во рок од 6 месеци од поднесување на тужбата;
-Кривична постапка
Пресудата се изрекува веднаш по заклучувањето на главниот претрес.
Откако судот ја изрекол пресудата, претседателот на советот веднаш ќе ја објави. Ако судот не е во можност веднаш по заклучувањето на главниот претрес, ке го одложи објавувањето, но најдолго за 3 дена. На рочиштето пресудата ке биде објавена без разлика на тоа дали е присутен или не обвинетиот или неговиот законски застапник.
Писмена изработка на пресудата се врши 15 дена по нејзиното објавување, но во посложени предмети до 60 дена, а овие рокови не можат да бидат пречекорени.
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Постапување по преставки и предлози
Одговор: Писмената во кои се бара превземање на определени дејствија, треба да се јасни и разбирливо напишани на машина. Треба да содржат: ознака за предметот, име и презиме на подносителот, странката или полномошникот. Предметот на барање и куса содржина.
Претседателот или определениот судија, претставките и предлозите што граѓаните ги поднесуваат до судот ги земаат веднаш во работа и по проверката на содржината, а најдоцна во рок од 30 дена од приемот, му одговараат на подносителот.
Претседателот или определениот судија ќе го обезбеди давањето на потребните податоци и објаснувања на надлежниот орган, за прашања за кои се однесува претставката односно предлогот и известувањата за превземените мерки.
На седница на судиите секој три месеци се разгледува проблематиката во врска со претставките и поплаките и се утврдуваат мерки неопходни за отстранување на слабостите и пропустите во работата.
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Рехабилитација (бришење на правните последици од осудата)
Одговор: Важно: Рехабилитираното лице се смета за неосудувано, а податоците за бришаната осуда не се даваат никому.
Рехабилитацијата значи предвремен престанок на казните {то се состојат во забрани (кои се изречени во судска одлука) и на казната протерување на странец од земјата и правните последици од осудата и бри{ење на осудата од казнена евиденција (која се води во секој суд).
Рехабилитацијата може да настане по сила на закон (законска рехабилитација) и врз основа на судска одлука (судска рехабилитација).
1. Законска рехабилитација
Условите под кои се добива рехабилитација по законски пат се следни:
-за изречена алтернативна мерка во рок од 1 година од денот на правосилноста на судската одлука доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Условната осуда се брише по една година откако ќе помине периодот за провека доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Осудата парична казна и казната забрана за управување со моторно возило, изречена како единствена казна се брише по 3 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- Осудите на затвор до 3 години и малолетнички затвор, се бри{ат по 5 години од денот на извршената застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
- повеќе осуди на едно лице се бришат само истовремено и тоа ако постојат услови за бришење на секоја од тие осуди.
2. Судска рехабилитација
Лицето кое сака да биде рехабилитирано по пат на судска рехабилитација мора да поднесе до судот молба за брисење на правните последици од осудата во која треба да ги наведе:
- своите генералии,
- бројот на пресудата со која е осуден
- видот на казната која му е изречена и
- висината на казната која му е изречена.
Условите под кои се добива рехабилитација по судски пат се следни:
- По протекот на 3 години од денот на издржаната, застарената или простената казна, судот може да определи да престанат правните последици од осудата што се однесува на забрана на стекнување на определени права
- - По протекот на една година од денот на примена на казната забрана за вршење одделна дејност на правно лице, судот мозе да одлучi забраната да престане
- По протекот на 3 години од од денот на применувањњето на казната забрана за вр{ење на професија, дејност или должност и забрана за управување со моторно возило и времено протерување на странец од земјата како и казната трајна забрана за вршење дејност на правното лице, судот може да одлучи да престанат
- Судот може на молба на осудениот да одлучи да се брише од казнена евиденција осудата на затвор:
1. од 3 години до 5 години во рок од 5 години од денот на издржаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
2. од 5 години до 10 години во рок од 10 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
3. од 10 години до 15 години во рок од 15 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
4. од 20 години во рок од 20 години од денот на изджаната застарената или простената казна доколку сторителот не стори во тој период ново кривично дело;
Казната се брише откако судот ке донесе решение за бришење на правните последици од осудата.
|
13.03.2009 Категорија: Општо
Прашање: Што ми е потребно за отпочнување на оставинска постапка?
Одговор: Постапката за расправање на оставина се поведува по службена должност (еx оfficо), штом судот ќе дознае за смртта на лицето или дека лицето е прогласено за умрено.
Учесници во постапката за расправање на оставина се: наследниците и легатарите и другите лица кои остваруваат некое право на оставината
За отпочнување на оставинската постапка потребни се смртовница, попис на оставината на покојниот и поседовен лист од недвижниот имот на оставителот.
Подрачното одделение на Министерството за внатрешни работи ја доставува смртовницата на покојниот составена од матичната служба, заедно со имотниот лист и пописот со проценката на имотот на оставителот.
Наследниците можат смртовницата, пописот и поседовниот лист на оставителот да ги достават до судот со што ќе го известат судот за смртта на оставителот и на таков начин може да отпочне постапката за расправање на оставината.
Смртовница
Кога некое лице ќе умре или е прогласено за умрено, матичарот надлежен да изврши упис на смртта во матичната книга на умрените е должен, во рок од 30 дена од денот на смртта, да му достави смртовница на оставинскиот суд.
Смртовница се составува секогаш кога некое лице ќе умре или ќе биде прогласено за умрено , без оглед дали има или нема имот.
Смртовницата се составува врз основа на податоците добиени од роднините на умрениот, од лицата со кои умрениот живеел, како и од други лица кои можат да дадат податоци кои се внесуваат во смртовницата.
Попис и процена на оставината
Попис и процена на имотот може да се изврши меѓу другите случаи и кога тоа го бараат наследниците, легатарите или доверителите на умрениот.
Попис и процена ќе се изврши и без одлука на судот при составување на смртовницата, по барање на некои од наследниците или легатарите.
Пописот и процената го врши надлежниот орган на управата а може и работник на судот определен од судијата.
|
|
|
|
|