Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
Соопштенија за Јавност

Клучен збор:
Дата:
02.02.2012   Распоред на судења од 02.02 до 17.02.2012
Распоред на судења за период од 02.02. до 17.02.2012 год.
13.07.2011   Годишни одмори
 
На 15 јули 2011 започнуваат годишните одмори на вработените во судот во Делчево. Во периодот на годишни одмори во судот  се спроведуваат само итни  предмети.

Во Закон за судовите член 72 став 1 и 2, стои:
(1)- Годишните одмори во судовите траат од 15 јули до 15 август;
(2)- За време на годишните одмори во судовите од прв степен се извршуваат само нужни работи, и тоа: истраги и судења во кривични предмети кога обвинетиот е во притвор и во кривични предмети на странките кои не живеат во Република Македонија; предмети за промена на времени мерки;: менична тужба; спорови за објавување од итна природа; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по предмети за издршка што произлегуваат од закон; регистрации на политички партии; вонпарнични; предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на  оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови.

Летната пауза завршува на 15 август 2011 година, кога судот започнува со  редовните работни активности.
05.07.2011   ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗРШНИ ПРЕДМЕТИ И ПЛАТНИ НАЛОЗИ
Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА

И З В Е С Т У В А Њ Е

Министерството за правда ги известува граѓаните на Република Македонија дека согласно Законот за извршување, од 01 јули 2011 година започна преносот на старите извршни предмети кај нотарите и извршителите.
Доверителите што започнале постапка за извршување пред судовите до 26 мај 2006 година, доколку сакаат да ја продолжат постапката за извршување, можат во рок од шест месеци заклучно со 31.12.2011 година, да пристапат пред судот и да се произнесат за продолжување на започнатите постапки за извршување.
Доколку доверителите не пристапат пред судот заклучно со 31.12.2011 година, предлозите за извршување ќе се сметаат за повлечени, а по извршните предмети кои имаат правосилни и извршни решенија, постапките за извршување ќе се сметаат за запрени.
Предметите се пренесуваат на извршителите и нотарите во стадиумот во кој се наоѓаат пред судовите.
Должниците на кои не им се уредно доставени решенијата за извршување со што не им било овозможено да се произнесат пред судовите во однос на решенијата со поднесување на приговори против решенијата за извршување, каматата на главен долг се пресметува од денот кога решенијата за извршување ќе станат правосилни.
Со трансферот на извршните предмети кои ќе се пренесат на извршителите и нотарите, судовите ќе се растоварат за околу 400.000 предмети.
Министерството за правда известува дека од 01 јули 2011 година започнува примената на одредбите од Законот за парничната постапка, според кој судовите немаат основ да примаат предлози за издавање на платни налози врз основа на веродостојни исправи, односно нотарите ќе донесуваат решенија со кои се дозволува извршување врз основа на веродостојни исправи што се однесуваат на неплатени побарувања по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, вода и други комунални услуги.
Судовите ќе постапуваат исклучиво по изјавен приговор против решението донесено од нотарот со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа.
На овој начин се очекува судовите во Република Македонија да се растоварат за 200.000 дополнителни предмети на годишно ниво по основ на платни налози за сметки од комунални услуги за граѓаните.
Со примена на новите одредби на Законот за парничната постапка, Законот за извршување, Законот за вонпарнична постапка и Законот за даночна постапка, во судовите ќе се решаваат само спорните граѓански, кривични, стопански, стечајни, работни и други видови предмети.


МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
24.06.2011   ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОЛАГАЊЕ ЗА ВЕШТАЦИ
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење


1. Секој кандидат кој поднесува барање за полагање на стручен испит за вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење треба да ги исполнува следните услови:

- да е државјанин на Република Македонија,
- да има живеалиште во Република Македонија,
- да има високо образование од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење (диплома со завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС)),
- со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и
- да има најмалку пет години работно искуство во областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење.


2. Кандидатот кој поднесува барање за полагање на на стручен испит за вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење треба да ги достави следните документи:

- Барање на кое читко ќе бидат наведени личните генералии, точна адреса, број на телефон (мобилен, домашен или од работното место), број на лична карта и единствен матичен број, со уплатница (образец ПП/50) за уплатени парични средства за полагање на стручен испит за вештак во износ од 9000,00 денари, назив на примачот – Буџет на Република Македонија, банка на примачот – Народна банка на Република Македонија, трезорска сметка на Народна банка на Република Македонија бр. 1 000 000 000 630 95, сметка на буџетски корисник 0700 100 140 63 112, приходна шифра 72 30 13 програма 10.
- Уверение за државјанство,
- Фотокопија од лична карта,
- Доказ за завршено високо образование од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење (диплома со завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит - трансфер систем (ЕКТС)),
- Потврда дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната и
- Потврда за најмалку пет години работно искуство во областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење.

3. За времето и местото на полагање на писмениот дел од стручниот испит за вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење кандидатите ќе бидат известени најдоцна во рок од осум дена пред полагање на стручниот испит од страна на комисијата.

4. Терминот за устениот дел се закажува дополнително.

1. Крајниот рок за поднесување на барање до Министерството за правда на Република Македонија за полагање на стручен испит за вештак е 5 јули 2011 година.



Министерство за правда
04.03.2011   ПОСТОЈАНИ СУДСКИ ПРЕВЕДУВАЧИ- ОС ДЕЛЧЕВО

Табелата со постојани судски преведувачи при ОС Делчево може да ја видите овде

04.03.2011   Постојани судски вештаци-ОС Делчево
ТАБЕЛАТА ЗА  вешти лица при ОС Делчево мозе да ја видите овде
04.01.2011   КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

Соопштенија за Јавност

04.01.2011 КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА


И З В Е С Т У В А Њ Е



ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО ДЕЛЧЕВО Е ФОРМИРАНА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА, СО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА Младен Арсениев, СУДСКИ СОРАБОТНИК.
ВО ОВАА КАНЦЕЛАРИЈА СТРАНКИТЕ И ДРУГИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОБРАЌААТ ЗАРАДИ ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ НА ОСНОВНИОТ СУД, КАКО И ДРУГИ ПРАШАЊА ОД ДЕЛОКРУГ НА СУДОТ.

ТЕЛЕФОН ЗА КОНТАКТ СО ОДГОВОРНО ЛИЦЕ:

033 411 127

ОНОВЕН СУД ДЕЛЧЕВО

Назад

30.11.2010   Анкета
Анкета за мерење на задоволството на јавноста од работата на ОС Делчево