Историјат
Судовиите во Република Македонија меѓу кои и Основниот суд во Делчево се основани Повелба на Презедиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија од 31.03.1945 година. Ова повелба преставува прв законодавен акт на првиот законодавен орган создаден во текот на Народнослободителната борба, со кој се утврди постоењето на 25 Општински судови, 3 обласни суда и Врховниот суд на Македонија. Ова Повелба претставува најзначаен законодавен акт со кои се удрија темелите на судството во Република Македонија.
Според уставот на СФРЈ од 1963 година, судскиот систем го сочинуваат судови од општа надлежност во кои спаѓат и Општинските судови и специјализираните судови. Основниот Закон за судовите од општа надлежност ги даде Основните решенија за уредувањето и организацијата на судовите од општа надлежност, одредувајќи дека основањето, укинувањето, подрачјето како и седишт ето на судовите во Републиките се уредуваат со републички Закон. Врз основа на ова овластување, во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија е донесен Законот за подрачјата на општинските и Окружните судови од општа надлежност во СР Македонија.
Според овој Закон во Социјалистичка Република Македонија постојат 25 општински суда меѓу кои и Општинскиот суд - Делчево.
Основниот суд во Делчево најпрвин почнува со работа во старата зграда која се наоѓа во стариот дел на градот,а од 1977 година судот е сместен во новата зграда,во која е сместен и денес.
Структура на судска зграда
Во подрумот се сместени архивата,магацински простории,гаражи и парно котларница.
На приземјето се сместени судска полиција,централа,Отсек за прием и експедиција ,Прекршочен отсек,Граѓански отсек,Кривичен отсек,Вонпарничен отсек,Благајна,Извршен отсек,стручни соработници,доставувачи и Основно јавно обвинителство.
На катот се сместени Кабинетот на претседателот,судски кабинети,судници 1,3 и 4 стручен соработник , дактилографи и чекална.